Мрежата на младински банки – Македонија има за цел младите да останат во земјата и да имаат услови за подобра иднина! За таа цел и во рамките на проектот, во изминативе 9 месеци беа одржани многу состаноци и беа разгледани многу теми.

Препораките за политиките беа дискутирани на повеќе од 20 состаноци со релевантните засегнати страни и беа дистрибуирани во земјата, вклучувајќи ги релевантните национални и меѓународни чинители.

Во првата половина на годината беа одржани разни состаноци и на поголемиот дел од нив беше презентиран моделот на младински банки каде што беа идентификувани и области за соработка. Состаноците исто така беа добро место за собирање на предлози за добри политики.

Во наредните месеци, состаноците беа поконкретни и нивната цел беше да обезбедат подетална презентација на проектот, како и простор да се  дискутираат  некои детали за придобивките што мрежата на младински банки – Македонија ќе ги донесе за младите на локално ниво. Дискусиите беа посветени за давање на конкретна поддршка во процесите на застапување.

Понатаму ќе следат дополнителни средби од страна на сите членови на Мрежата, а весите ќе ги споделиме соодветно.