Во рамки на проектот мрежата на младински банки – Македонија поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество (Civic Engagement Project) беа ангажирани двајца  истражувачи од Институтот за европска политика (European Policy Institute – ЕPI) со цел изработување на основна студија и препораки за младинско вработување во Република Македонија.

Двајцата млади истражувачи понудија најоригинална идеја, најсоодветни познавања и искуства потребни за изработување на потребните документи, во избор од над 34 останати апликации.

Работните обврски на истражувачите беа поделени во две фази – првата, изработка на основна студија и втората, изработка на препораки за донесување политики за младинско вработување.

Теми кои ги опфати студијата:

– Контекстуализација: градење идентитет на младите луѓе во комплексно општество, младите и општествената кохезија;

– Терминолошки разграничувања: младинско вработување, младинско учество, младинска вклученост, одржлива вработливост, општествено-емотивно донесување одлуки, локален развој;

– Политики за младинско вработување и добри практики во меѓународни и европски документи;

– Стратешки документи за млади и претходни истражувања на темата во Македонија;

– Анализа на активни политики и иницијативи за вработување млади во Македонија на локално и национално ниво;

– Заклучни согледувања.

Трите сета од препораките за младинско вработување вклучуваат вкупно 21 препорака на следниве теми:

    1. Општи препораки за младинско вработување во Македонија;
    1. Младинско вработување и локален развој во Македонија;
  1. Младинско вработување за општествено-економско вклучување на младите во Македонија.

На следниот линк може да ја погледнете целосната студија  и препораки за младинско вработување во Република Македонија.