Во рамките на проектот мрежа на младински банки – Македонија ќе бидат подготвени 21 препорака на теми како што се: вработување на младите, локален развој и социо-економска вклученост на младите во Македонија.

Досега сите членови на мрежата на младински банки  имаа можност да се состанат и да разговараат со повеќе релевантни засегнати страни, кои  ја нагласија потребата од градење на долготрајни партнерства и стратешки пристап кон проблемите во македонското општество.

Заклучоците од овие состаноци честопати беа во насока на развивање на соработка која ќе работи на создавање на социјална кохезија во Македонија и младите луѓе да бидат носители на тие позитивни промени во земјата. За младите кои се соочуваат со одлив на мозоци, кои се социјално исклучени и одвоени од заедниците во кои живеат, засегнатите страни ја нагласија потребата да се создаде модел кој ќе работи на развивање силни врски меѓу младите и локалната заедница како јадра на нивната социјализација, како и модели кои ќе обезбедат одржливост: младите треба да развиваат вештини не само за работа, туку за да бидат подготвени за живот и да ги унапредат заедниците во кои живеат.

Препораките за добрите политики дефинитивно ќе помогнат на моменталната ситуација во нашите општества и ќе обезбедат некои насоки во кои би можеле да одат овие случувања.