Членки основачи

Асоцијација за едукација Младиинфо Интернационал

 

Преку овозможување на бесплатна кариерни и образовни можности за младите и нудејќи им помош, совети и поддршка преку процесот на личен и професионален развој, Младиинфо има директно влијание врз животите на младите, ги охрабрува и ги мотивира кон акција. Младиинфо промовира активно граѓанство и критичко размислување, каде што младите луѓе стануваат овликувачи на нивните општества. Активното работење во полето на младинско информирање, зајакнување на младите и социјалното претприемништво, мрежата Младиинфо создава вистински младински подиум на глобално ниво, каде што младите умови можат да ги споделат своите мисли, знаења и вештини. Постојаното учење, почитувањето на различноста и споделувањето на знаењето и искуствата, се некои од клучните вредности. Младиинфо верува во свет кој се заснова на споделување на знаењето и отворен пристап за сите, каде што младите активно го унапредуваат своето општество со користење на нови технологии и се ослободени од предрасуди.

 

Порака Нова Струга

 

Центар за подобрување на квалитетот на животот на лицата со интелектуална попреќеност и нивните фамилии. Мисија на Порака Нова  е да работи на ефективна промоција на правата на лицата со интелектуална попреченост и на нивните фамилии, така што секој граѓанин, кој на било каков начин е поврзан со интелектуалната попреченост, е во можност да добие соодветна поддршка и ресурси кои му се потребни. Визија на Порака Нова е подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост и нивните фамилии.

 

 

 

 

Младински сојуз – Крушево

Младински Сојуз – Крушево е независна, невладина, неполитичка и непрофитна организација основана во 1999 година. Нивните членови (70-80 членови) се млади луѓе помеѓу 15 и 35 години, кои работат, студираат или изразуваат интерес во процесите на ЕУ интеграција на нашата земја. МСК е воден од страна на младите луѓе за млади луѓе, овозможувајќи им големо искуство за сите нејзини чинители.

Младински совет Прилеп

Уште од своето основање во 1999 година, Младинскиот совет Прилеп како невладина организација најмногу е фокусирана на Пелагонискиот регион во Македонија и се стреми да го изгради капацитетот на младите луѓе на партиципативен и одржлив начин. Младинскиот Совет Прилеп ги поддржува младите луѓе да учествуваат во демократските процеси, овозможувајќи им да прераснат во активни граѓани.

ЦЕФЕ Македонија

Cefe MakedonijaЦЕФЕ Македонија е организација која е основана во 2008 година во Скопје, Македонија. Тие работат со млади и други организации за промовирање и подигнување на свеста за претпремништвото и вештините за само вработување. Мисијата на ЦЕФЕ Македонија е да ги подобрува претприемaчките перформанси на економските актери преку стимулирање на претприемaчко однесување и развој на бизнис компетенции. Тие веруваат и работат кон градење на претприемaчко општество и ги учат лицата да бидат иноватори и претприемачи.

Членки

 

Мултикултура

Мултикултура – е водечка организација зачовекови права која промовира младински активизам и вклученост во прцецот на одлучување и развој на културната и интер етничката кооперација, а е основана во свгуст 2000 година. Организацијата има повеќе од 100 активни членови, чиј број постојано расте. Околу 30 волонтери учествуваат во организација и менаџирање на активностите. Форумот на волонтери е едно од телата на организацијата, кој е содздаден од самите волонтери.

 

 

Младите можат

 

Мисијата на Младите можат е да им овозможат на младите луѓе да станат активни, независни, способни и решителни граѓани кои веруваат дека можат самостојно или здружено да учествуваат и влијаат во позитивните промени и развојот во општеството.

 

 

 

Волонтерски ценар Скопје 

 

 

Волонтерски центар Скопје е активен провајдер на информации за можности за волонтерство и неформално образование, како на локално, така и на меѓународно ниво, и има активна улога во носењето во употреба на Европските фондови и програми за младите и нивната вклученост во процесот на донесување одлуки и младинско инфромирање.

 

 

 

ЛАГ Агро Лидер

Лаг Агро Лидер е здружение за рурален развој од Кривогаштани, и е доброволено, непрофитно, невладино и непартиско здружение формирано со слободно здружување. Главна цел и задача на на Агро Лидер е да промовира и да придонесе за одржлив рурален развој на територија на општините Долнени, Кривогаштани, Крушево и Прилеп преку иницијативи, партнерства и искористување на постојниот ендоген потенцијал.

 

 

Платфрома за зајакнување на младите 

Платформа за зајакнување на младите се стреми да ги охрабри младите на Македонија преку неформално образование, граѓанско учество, градење на демократија.

 

 

Инова Лаб Битола 

 

Инова Лаб Битола – Центар за образовни и развојни иницијативи. Нивната главна цел е промовирање на иновативни образовни идеи и програми и зголемување на креативниот потенцијал на младите преку неформално образование. Мисијата на Центарот е да ги зголемува можностите, создава иновативни образовни и развојни иницијативи и поттикнува креативни активности.

 

 

Здружение на граѓани Интеркултура

Интеркултура е организација која успешно работи на решавање на потребите и приоритетите на младите, промовира интеркултурен дијалог, делува на локално, национално и меѓународно ниво. Главната цел на организацијата е да промовира младинска работа преку неформално образование, како и да ја промовира културата на сите етнички заедници кои живеат во Македонија.

 

 

 

Здружение за мултикултурна интеграција – Инклузија

Здружение за мултикултурна интеграција – Инклузија е основано во Охрид од 2011 година од млади интелектуалци од различни етнички заедници, во насока на унапредување на човековите права, интеграција, социјално вклучување во етничките заедници и општество без дискриминација и нееднаквост.