Мрежата на младински банки – Македонија е неформалнa мрежа на граѓански организации која има за цел да застапува создавање услови за што поголема младинска вработеност преку моделот на младински банки.

Мрежата е основана во декември 2017 од страна на ЦЕФЕ Битола, Младински совет Прилеп, Порака Нова од Струга, Младински сојуз – Крушево, предводени од Асоцијацијата за едукација МладиинфоИнтернационал кои и впрочем заседаваат со мрежата, притоа користејќи го знаењето и искуството на Мозаик Фондација од Босна и Херцеговина. Денес Мрежата на младински банки – Македонија брои 13 членови меѓу кои и новите осум членки: Мултикултура, Младите можат, Волонтерски Центар Скопје, Инова Лаб Битола, Здружение на граѓани Интеркултура, Здружение за мултикултурна интеграција – Инклузија, ЛАГ Агро Лидер, Платформа за зајакнување на младите – Гостивар.

Мрежата на младински банки во овој состав ќе делува во 4 региони во Македонија (Скопски, Полошки, Југозападен и Пелагонија), со цел да се воспостави новиот и иновативен модел во Македонија кој ќе треба да донесе клучни промени во младинското вработување. Преку овој модел, не само што младите ќе бидат тие кои ќе поднесат иницијативи за нивната заедница, туку и тие ќе располагаат со средствата и токму младите ќе одлучуваат каков тип на проекти да се поддржат.

Горди сме што Младиинфо Интенрационал како лидер на овој проект во 2018-та година стана членка во YouthBank International, кои работат интернационално на овој модел и го подржуваат овој етос и модел кој се заснова на едноставна, флескибилна и пренослива идеја – дека младинските банки се фондови што ги водат млади луѓе за поддршка на проекти кои се иницирани и предводени од млади луѓе, а кои имаат за цел да го подобрат животот во заедниците.

YouthBank International ја олеснува размената на информации и размената на најдобри практики во рамките на мрежата; глобално ги слави успесите на моделот заедно со креаторите на политиките и филантропите; и е ефикасен организатор и шампион на својот мрежен модел. Моделот YouthBank е имплементиран во 25 земји.

Дознајте повеќе за Златните правила на YouthBank International и погледнете ја мапата која е овозможена од YouthBank International на следниот линк: http://www.youthbankinternational.org/