Асоцијација за едукација Младиинфо Интернационал

 

Преку овозможување на бесплатна кариерни и образовни можности за младите и нудејќи им помош, совети и поддршка преку процесот на личен и професионален развој, Младиинфо има директно влијание врз животите на младите, ги охрабрува и ги мотивира кон акција. Младиинфо промовира активно граѓанство и критичко размислување, каде што младите луѓе стануваат овликувачи на нивните општества. Активното работење во полето на младинско информирање, зајакнување на младите и социјалното претприемништво, мрежата Младиинфо создава вистински младински подиум на глобално ниво, каде што младите умови можат да ги споделат своите мисли, знаења и вештини. Постојаното учење, почитувањето на различноста и споделувањето на знаењето и искуствата, се некои од клучните вредности. Младиинфо верува во свет кој се заснова на споделување на знаењето и отворен пристап за сите, каде што младите активно го унапредуваат своето општество со користење на нови технологии и се ослободени од предрасуди.

 

Порака Нова Струга

 

Центар за подобрување на квалитетот на животот на лицата со интелектуална попреќеност и нивните фамилии. Мисија на Порака Нова  е да работи на ефективна промоција на правата на лицата со интелектуална попреченост и на нивните фамилии, така што секој граѓанин, кој на било каков начин е поврзан со интелектуалната попреченост, е во можност да добие соодветна поддршка и ресурси кои му се потребни. Визија на Порака Нова е подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост и нивните фамилии.

 

 

 

 

Младински сојуз – Крушево

Младински Сојуз – Крушево е независна, невладина, неполитичка и непрофитна организација основана во 1999 година. Нивните членови (70-80 членови) се млади луѓе помеѓу 15 и 35 години, кои работат, студираат или изразуваат интерес во процесите на ЕУ интеграција на нашата земја. МСК е воден од страна на младите луѓе за млади луѓе, овозможувајќи им големо искуство за сите нејзини чинители.

 

 

 

 

Младински совет Прилеп

Уште од своето основање во 1999 година, Младинскиот совет Прилеп како невладина организација најмногу е фокусирана на Пелагонискиот регион во Македонија и се стреми да го изгради капацитетот на младите луѓе на партиципативен и одржлив начин. Младинскиот Совет Прилеп ги поддржува младите луѓе да учествуваат во демократските процеси, овозможувајќи им да прераснат во активни граѓани.

 

 

 

 

ЦЕФЕ – Македонија

Cefe MakedonijaЦЕФЕ Македонија е организација која е основана во 2008 година во Скопје, Македонија. Тие работат со млади и други организации за промовирање и подигнување на свеста за претпремништвото и вештините за само вработување. Мисијата на ЦЕФЕ Македонија е да ги подобрува претприемaчките перформанси на економските актери преку стимулирање на претприемaчко однесување и развој на бизнис компетенции. Тие веруваат и работат кон градење на претприемaчко општество и ги учат лицата да бидат иноватори и претприемачи.

 

 

Мозаик Фондација

Foundation Mozaik Фондацијата Мозаик долго време се стреми да создаде нова вредност и значително да ги подобри животите на луѓето во Босна и Херцеговина. Три години развиваат нова стратегија, со детална анализа, внимателни нацрти и консултации со реномирани локални и странски експерти и практичари. Од 2016 до 2025 Мозаик ќе го води развојот на пробивот на претприемничка и иновативна младина во Босна и Херцеговина – сила која има влијание на вредноста која создава нова социјална и економска вредност, создава нови работни места и служи како модел за други млади луѓе.