46084901 252017735469514 8396981352276164608 O

Средба помеѓу Општина Новаци, ЦЕФЕ Македонија и Инова лаб

Остварена средба со претставници од општина Новаци, ЦЕФЕ Македонија и партнерската организација Инова лаб.

Целта на состанокот беше да се разгледаат заклучоците и препораките од првиот тренинг за градење капацитети и пленарно собрание во рамки на проектот Мрежата на младински банки во Македонија.

На средбата беше дискутирано и за идните чекори во врска со имплементација на моделот и за механизмите за воведување на моделот во стратешките документи на општината.

Проектот Мрежа на младински банки – Македонија е подржан од Проектот на УСАИД за Граѓанско учество.