DSC03076

Моделот Мрежа на младински банки претставен во општина Боговиње

Претставници од Младиинфо Интернационал и претставници од  Мултикултура, минатиот петок одржаа средба со градоначалникот на Општина Боговиње.

Целта на оваа средба беше градоначалникот на Општината да се запознае со моделот на младинските банки како и со активностите кои ги носи самиот модел.

Понатаму, се дискутираше за општествените промени  и за можностите што оваа општина може да ги понуди преку ангажирање на младите како и за имплементација и  отворање на Младинска банка во општина Боговиње.

Проектот Мрежа на младински банки – Македонија е подржан од Проектот на УСАИД за Граѓанско учество.