47197946 10156989487452369 2318205050373013504 O

Младиинфо учествуваше на регионалната конференција на Младински банки во Истанбул

Mногу инспиративни приказни, одлични познанства, споделување и размена на  искуства за имплементација на моделот на младински банки на регионалната конференција на Младински банки за Централна и Источна Европа и регионот на Црното море: “Создавање можности за соработка” која се одржа минатата недела.

Младиинфо, членка на Младински банки – Интернационал истовремено и лидер на проектот Мрежа на младинси банки – Македонија беше дел од Регионалната конференција на младински банки за Централна и Источна Европа и регионот на Црното море: “Создавање можности за соработка” која се одржа во Истанбул, Турција во периодот од 27-30 ноември. Главна цел на конференцијата беше да се создаде соработка, да се разменат мислења, идеи и да се споделат најдобрите практики меѓу учесниците и другите членови на Мрежата на младински банки.

60 учесници од 16 држави земаа учество на овој настан меѓу кои и професионалци, членови и волонтери во мрежата на Младински банки. Младиинфо имaше можност да слушне одлични приказни за различни заедници и како моделот на младински банки функционира во различни региони, но исто така и да го сподели своето искуство околу застапување на моделот во Македонија и работата на Мрежата на младински банки во Македонија.

„ Слушнавме многу идеи, мислења и приказни за тоа како моделот на младински банки се имплементира во сите земји кои беа дел од конференцијата, како тие добиваат финансирање, како младите луѓе се ангажирани и се охрабруваат да бидат дел од оваа меѓународна мрежа кои беа многу мотивирачки и ни помогна да добиеме идеи како да ги придвижиме работите напред “, објаснува Сања Цветковиќ, претставник од Младиинфо на конференцијата.

Учесниците споделија навистина интересни проекти од страна на младите за да се реши проблемот во нивната заедница. Тие, исто така, разговараа за тоа кои се големите прашања во нивните заедници и нивните земји, и како можеме да го искористиме овој модел за решавање на овие предизвици и да ги мотивираме младите да преземат активен став.

Учесниците имаа различни интерактивни вежби за тешкотиите, предизвиците и потребите во Мрежата на младински банки. Повеќе идеи беа разменети околу тоа како да се проценат потребите на младите и како да се охрабрат младите да бидат уште поголеми носители на промени во нивните општества.

На конференцијата се одржаа и корисни работилници за маркетинг, практични техники, учество, мапирање на податоци и други. Учесниците ќе имаат можност да го споделат стекнатото знаење од конференцијата  со својот тим назад во своите држави и да го направат светот подобро место со помош на алатките обезбедени од моделот на младинските банки.