Capture

Средба во општина Прилеп: вклученост на младите за подобра заедница

Како до поголема вклученост и активизам на младите? Како младите можат да придонесат за своите заедници и подобрување на животот во истите?

Овие и многу други прашања беа дискутирани на средбата помеѓу претставници од Младински совет  Прилеп со Цвете Станојоска – претставничка од одделението за Локален економски развој на општина Прилеп.

Средбата се одржа како последователна активност на неколку претходни средби на двете засегнати страни. На состанокот се дефинираа условите за соработка со Општината со цел имплементација на моделот на Младински банки, при што се констатираше дека со цел полесно и побрзо имплементирање на проектот, Моделот на младински банки би можел да биде дел од работата на Советот на млади на Општина Прилеп.

Понатаму се дискутираше за придобивките на Општината од вклученоста во проектот меѓу кои: директна вклученост на младите во општественото живеење, мотивирани и активни млади кои сакаат да живеат и градат иднина во нивната општина како и можност за промоција на општината и ангажираност на истата во полето на подобрување на животната средина за младите во општината.