48392547 288459388479033 1786968929306935296 O

Втор одржан тренинг за градење капацитети и создавање младински банки во Македонија

Успешна соработка досега во многу општини, успешно реализирани состаноци и зајакната Мрежа беа дел од споделените и постигнати резултати од изминатата година со кои што беше отворен вториот тренинг за градење на капацитети и создавање на Mрежата на младински банки во Македонија.

На самиот почеток, учесниците ги споделија своите понатамошни очекувања од Мрежата и што самиот модел на младински банки ќе значи за нивните организации. Дискутираа за младинската вклученост, работеа на тоа што е потребно за формирање на одбор на младински банки и која ќе биде функцијата од истиот.  Дел од сесиите беа посветени за застапување, градење партнерства како и за поврзаноста на моделот на младински банки и социјалното претприемништво.

На вториот тренинг кој што се одржа во хотел Амбасадор, Скопје, од 17 – 19 декември 2018, присуствуваа претставници од општините Гази Баба, Кисела Вода, Новаци, Боговиње, Кривогаштани заедно со претставници од организациите членки на Мрежата на младнски банки MladiinfoCEFE Macedonia – ЦЕФЕ МакедонијаInnova Lab BitolaВолонтерски Центар СкопјеYouth AlliancePORAKA NOVAYouth Can – Младите МожатYouth Empowerment Platform – YEPYouth Council Prilep -Младински Совет ПрилепЗдружение на граѓани ИНТЕРКУЛТУРАMultikulturaЗдружение за мултикултурна интеграција Инклузија -Inclusion.

Целта на овој тренинг беше да се зајакнат капацитетите на Мрежата, засегнатите страни да се запознаат подoбро со процесот на прибирање средства, како и да се идентификуваат процесите и чекорите, но и задачите што произлегуваат при воведувањето на моделот на младински банки.

Ги прашавме и дел од учесниците, што тие очекуваат и посакуваат да се оствари во рамките на овој проект во новата 2019-та година. Некои од одговорите беа:

„Посакувам во новата 2019-та година Мрежата на младински банки – Македонија да донесе нови можности за младите на локално ниво. Конечно младите да имаат шанса да ги решаваат проблемите во своите заедници самостојно и независно. Очекувам зацвртсена мрежа која ќе поддржи десетици младински проекти.“ – Анелија Митрова, Младински сојуз – Крушево

„Младинските банки се иновативен модел кој верувам дека ќе стане успешна приказна за многу млади. Во 2019 година очекувам дека моделот ќе донесе спектар на можности за младите кои преку независност и самостојност ќе реализираат проекти преку кои ќе се подобри општественото  живеење во локалните заедници.“ – Ратко Ајцев, ЦЕФЕ Македонија, Битола

„Очекувам во 2019-та година општина Гази Баба да започне со примена на моделот на младински банки. Преку овој модел, општината сака да ги мотивира и привлече младите да земат активно учество, да се вклучат во разни активности и проекти и заедно да направиме позитивни промени во нашата локална заедница и општество.“ – Емилија Ѓурчиновска Матевска – општина Гази Баба

Позитивна промена за заедницата, посветеност, доверба, почитување, меѓусебна поддршка од сите членови и засегнати страни, учество и рамноправност беа дел од најважните вредносите на Мрежата кои учесниците ги издвоија како такви.

На почетокот на следната година се очекува да се ангажира ментор кој што ќе работи со целата Мрежа за градење на капацитетите, уште едно пленарно собрание на Мрежата и 3 панел дискусии.

Проектот Мрежа на Младински банки – Македонија е поддржан од Civic Engagement Project-Macedonia.