Sostanok Opstina 04.01.2019

Состанок со претставник од Општина Прилеп

На 04.01.2019 во просториите на Општина Прилеп се одржа координативен состанок помеѓу директорот на Младински Совет Прилеп – Зоран Илиески и претставник на Општина Прилеп од одделението за Локален економски развој од Општина Прилеп.

Координативниот состанок се одржа заради споделување на информации за досега спроведените активности во рамки на проектот Мрежа на Младински Банки Македонија од страна на Мрежата и Младински Совет Прилеп, како и за дефинирање на следните чекори и активности предвидени со проектот. На состанокот се споделија мислења и ставови во врска со основањето и работата на Советот на млади на Општина Прилеп, кој ќе ја има клучната улога во проектните активности, нивниот начин на избор, надлежности и активности. Советот на млади ќе ја има улогата на Одбор на МБ. Воедно, се разговараше и за Годишната програма за млади на Општина Прилеп за 2019 година, која ќе има значајна улога при работата на Советот на млади на општината, во која ќе се даде значење и на Моделот на Младински Банки за заедницата и младите во општината.

Младински Совет Прилеп, заедно со Општина Прилеп ја искажаа волјата за понатамошна заедничка соработка во однос на успешна имплементација на Моделот на младински банки во општина Прилеп.