Capture

Пет нешта што младите можат да ги направат за “да го променат светот”

Младите луѓе се лидери на денешното општество и можат да направат големи промени во светот што е околу нив. Тие можат да го направат тоа преку социјалните медиуми (преку интернет) и преку младински активизам, учествувајќи во различни активности во заедницата (офлајн).

Постојат неколку различни начини како младите можат да направат промени во заедницата:

1. Волонтерство

Многу млади луѓе доброволно се пријавуваат да волонтираат во разлилни активности. Со волонтерство можете да додадете искуство за вашето CV, да предавате, да организирате спортски настани, да учествувате во активности за поддршка на заедницата или како дел од некоја младинска организација итн. Со овие активности можете да направите вистинска разлика.

2. Напишете писмо до локалниот претставник/советник/пратеник

Тие сакаат да ги слушнат членовите на нивната заедница, односно да слушнат од младите какви промени сакаат да направат во заедницата, како можат да ја направат промената,  што можат да направат за своите граѓани – така да, ајде да ги прашаме! Пишете им, или дури побарајте средба со нив и покажете им на што мислите дека треба да се фокусираат.

3. Користете онлајн платформи за да се приближите до другите

Никогаш немало подобро време во историјата за да се допре до милиони луѓе ширум светот. Веројатно сте виделе како единствен Twitter или Facebook “хаштаг” може да направи масовна социјална реакција/да ја подигне свеста или да направи промена во заедницата, но и во светот. Има многу онлајн можности кои можете да ги користите за да направите промена, лесно можете да стигнете до новата публика и ако е прикажано тогаш можете да видите дека вашиот “статус“ допира до илјадници луѓе.

4. Размислувајте “надвор од кутијата“

Добро е да се биде различен. Користете други/поразлични начини да пронајдете решенија, да ги решавате проблемите, да бидете креативни и да размислувате надвор од кутијата. Што значи да “размислувате надвор од кутијата”?

Меѓу најпознатите добро обработени и употребувани фрази во деловниот свет е “размислување надвор од кутијата”. Тоа би требало да значи размислување креативно, слободно и надвор од зададениот пат. Тоа е еден вид на размислување дека – во време на огромен број моќни алгоритми и социјални мрежи – се што е надвор од тоа добива големо внимание. За сега, тоа е ден вид на работа што машините не можат да го прават добро.

5. Приклучи се во Мрежата на младински банки Македонија – аплицирајте со проектна идеја

Мрежата на младински банки Македонија (YBNM) е отворена мрежа за поддршка на младинското вработување користејќи го моделот на младински банки. Овој модел носи спектар на придобивки за младите луѓе кои се вклучени, особено во поглед на нивните вештини. Младите можат да развијат работна предност преку учење за креирање буџет, работа во тим, проценка на проектите според упатствата и барањата што ги имаат поставено, ефикасно да се финансираат и да ја пренесат пораката преку разни медиумски платформи. Иако во модел на младински банки, младите повеќе се вклучени во нивните локални заедници, тие градат врски со релевантните засегнати страни и се ополномоштени за акција.