52563342 369079997008279 8204746527436963840 N

Средба помеѓу Младински Совет Прилеп и Лаг Агролидер

На 13ти февруари во просториите на Младински Совет Прилеп, се одржа состанок помеѓу претставник на Младински Совет Прилеп – Маја Стевановска и претставничка на ЛАГ Агролидер – Даниела Цветаноска.

Состанокот се одржа со цел дефинирање на следните насоки и чекори кои треба да се превземат, посебно во Општина Кривогаштани поврзани со проектот Мрежа на Младински Банки. На состанокот беа прецизирани конкретните мерки кои ќе бидат превземени од Младински Совет Прилеп и ЛАГ Агролидер со цел приближување кон текот на активностите на проектот, негова целосна и побрза имплементација.

Се дискутираше и за досега сработеното, активностите кои досега беа реализирани, за добрите практики и искуства кои може да им се пренесат на младите од општините со цел развој на општината, но и севкупно на младите на локално и регионално ниво.

Следните чекори од соработката вклучуваат организирање на заедничка средба во Општина Кривогаштани на која би присуствувале претставници на ЛАГ Агролидер со поддршка од Младински Совет Прилеп.