Capture

Успешно одржана панел дискусија со млади во општина Прилеп

Минатата недела, Младински Совет Прилеп одржа панел дискусија на тема: „Социо-економските перспективи на младите од Општина Прилеп и Пелагонискиот плански регион“.

На панел дискусијата учествуваа 30 млади од Општина Прилеп, градоначалникот на Општина Прилеп, претседателот на Младински Совет Прилеп – Зоран Илиески и професори од неколку факултети од Македонија.

За време на дискусијата младите расправаа за нивните проблеми, предизвиците со кои се соочуваат, се предлагаа мерки и решенија за ситуацијата во која младите се наоѓаат денес, и за нивните перспективи и гледишта. Во текот на дискусијата, како една од можните мерки во кои младите можат активно да се вклучат во донесување на одлуки беше Советот на млади на Општина Прилеп кој го презентираше Градоначалникот на Општина Прилеп. Воедно, претседателот на Младински Совет Прилеп – Зоран Илиески го претстави пред младите Моделот на Младински Банки со кој младите ќе имаат можност да предлагаат идејни мерки и решенија за подобрување на животот на младите во Општина Прилеп, ќе имаат право да поднесуваат предлози и проекти за кои ќе добиваат финансиски средства, ќе можат да ја развиваат својата иновативност и креативност и сл.

Младите покажаа огромен интерес за ваквата идеја и силно ја поддржаа истата.

Младински Совет Прилеп, заедно со Општина Прилеп и понатаму ќе продолжат со промоција на проектот Мрежа на младински банки пред младите и бизнис заедницата од Општина Прилеп.