Capture

Моделот на Младински Банки претставен помеѓу млади во Прилеп

Во просториите на Младински Совет Прилеп, се одржа четвртата сесија од Македонскиот модел на Обединети Нации, на кој 10 млади – делегати од Клубот на МСП дискутираа за моделот, учеа за вештини за истражување, дебатираа за можностите на младите во Македонија и разменуваа мислења.

Клуб координаторот на Младински Совет Прилеп – Маја Стевановска во однос на можностите кои им се нудат на младите направи кратка презентација на која им ги објасни целите, активностите и планираните резултати од проектот Мрежа на Младински Банки.

Младите беа заинтересирани за начинот на прибирање на средства, нивната распределба и начинот на аплицирање.

Младински Совет Прилеп и понтаму ќе продолжи со презентирање на можностите кои им се нудат на младите преку проектот Мрежа на Младински Банки и преку формални и неформални средби ќе го презентира проектот пред заинтересираните страни.