Godisna Programa Mladi 5 696×464

Средба за креирање на годишната програма за млади во Прилеп

Во Прилеп се одржа последната работна средба од вкупно 4 спроведени средби за креирање на годишната програма за млади во Општина Прилеп.

Во текот на работната средба, средношколци, студенти, претставници на НВОи кои работат со млади и претставниците на Општина Прилеп разговараа за проблемите на младите во општината, секојдневните предизвици со кои се соочуваат, кои активности можат да се преземат за решавање на проблемите и креираа заеднички решенија.

Исто така, моделот Мрежа на младински банки заедно со целите и активностите беше промовиран како едно од можните идејни решенија кој се спроведува и во Општина Прилеп. Се дискутираше што би можело да се преземе за подобрување на општата состојба на младите во општината, со какви идеи за проекти можат да аплицираат, за колку средства и сл.

Младите беа воодушени од идејата и изразија големо задоволство од промовирањето на истата.