Capture

Очекувања на членките за работата и развојот на моделот на младински банки во 2019та година

Дел од заедничките предизвици со кои се соочуваат младите во Македонија се младинското вработување и младинската вклученост!

Повеќе од 70 состаноци со претставници на општини, невладини организации, како и со институциите што работат со млади и на национално ниво, успешно ги релизиравме досега.

Правиме храбри чекори напред и веќе во текот на 2019-та година се надеваме младинските банки да почнат со работат во 5 општини во Македонија, а за брзо да се прошириме и во многу повеќе.

Досега беа одржани 2 тренинзи за  градење капацитети и создавање младински банки во Македонија на кои  учесниците ги споделија своите понатамошни очекувања од Мрежата и што самиот модел на младински банки ќе значи за нивните организации.

Учесниците на тренинзите за градење на капцитети на Мрежата ги споделуваат своите размислувања:

„Се надевам дека во 2019-та година преку овој модел на младински банки младите ќе ја препознаат можноста и директно ќе се вклучат во локалниот развој на заедницата. Младите се движечка сила на едно општество. Имаме слух, волја, средства и можности, а тоа е доволно да создадеме платформа преку овој модел за меѓусебна соработка и комуникација и да градиме подобра младина, заедница и иднина“ – Петар Велјановски, Општина Новаци

„Мислам дека овој проект и моделот на младински банки е одлична можност за младите од Гостивар, да бидат активни во нивната заедница, како и да се вклучат во процесот на одлучување. Се надевам дека во 2019-та година, општината ќе даде поддршка и ќе ги мотивира младите, преку овој модел да земат учество и активно да придонесуваат кон подобра заедница.“ – Локман Муслиу, Youth Empowerment Platform, Гостивар

“Моделот на младински банки ќе ги поттикне младите лица сами да донесуваат одлуки, со цел да се решат нивните проблеми и проблемите на целата општина. Самиот модел овозможува развој на младите и ги поттикнува да ги истакнат своите идеи, па и да се ангажираат во проектите за млади во општината. Колку е поголем бројот на активни млади, толку е поголем успехот на една општина. За секој проблем постои решение, а младинските банки даваат решение за тоа.“ – Христина Наумовска, Инова лаб, Битола

„Приклучување на моделот на младински банки кон годишните програми за млади во општините и успешна имплементација на моделот во Пелагонискиот и во другите региони во Македонија. Успешна соработка со општината и бизнис секоторот за реализација на идеите на младите во општината.“ – Маја Стевановска, Младински совет, Прилеп

„Развиена Мрежа на младински банки – Македонија која ги стимулира младите да се активираат во општеството со различни акции како и вклучување во процесот на донесување на одлуки со кои се решаваат нивните проблеми и потреби.“ – Николче Папучкоски, општина Кривогаштани

Со помош на овој модел на младинските банки, сакаме младите да ги ставиме во центарот: тие не само што ќе стекнат вештини за вработување и важно животно искуство, туку и сами ќе имаат моќ да одлучуваат! Сакаме да воведеме иновативен модел што ќе поттикне вработување на младите во Македонија.

Се надеваме дека оваа успешна приказна со која се создава нова вредност за значително подобрување на животите на младите луѓе целосно и успешно ќе ја  воведеме и започнеме во Македонија.

Проектот Мрежа на Младински банки – Македонија е поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.