47323014 259648438039777 778413632139558912 N

„Преземи акција – разбуди го својот потенцијал“- работилница за млади

Мало место, но мотивирани млади! 

Во Младинскиот Културен Центар Новаци беше одржана работилница “Преземи акција – разбуди го својот потенцијал” наменета за градење капацитети на младите од Општина Новаци за воведување на иновативниот модел на Младински банки во Македонија. 

Претставници на Innova Lab Bitola и CEFE Macedonia – ЦЕФЕ Македонија во рамки на проектот Мрежа на младински банки Македонија, работea со младите од општина Новаци со цел да ги поттикнат да бидат активни и подготвени за моделот на младински банки. 

Младите ја покажаа својата креативност и мапираа приоритети за иден развој на општината. 

Проектот мрежа на младински банки Македонија е поддржан од проектот на УСАИД за граѓанско учество.