2

Општина Новаци ќе продолжи да инвестира во младите

Минатата недела, Општина Новаци  ја прослави 23 годишнината од своето постоење. Градоначалникот Љубе Кузмановски ја истакна посветеноста на општината да инвестира во развојот на младите, подобрувајќи го квалитетот на живот во општината. Општина Новаци е една од пилот општините во Македонија која ќе го применува Моделот на Младински банки.

Младинските банки создаваат можности младинските групи во согласност со потребите на општините да работат на конкретни проекти (културни, спортски и други), да учествуваат како активни граѓани во заедницата, да се здобијат со знаења и развијат вештини за професионално управување и лидерство преку развој на своите капацитети, како и практично искуство во управувањето со програмата за мали грантови, која директно ги поддржува младите луѓе во руралните средини.


Проектот Мрежа на Младински банки е поддржан од проектот на УСАИД за граѓанско учество.