Capture

Како до младински концепт на Младински банки ?

Младинска банка, младински иницијативи, младински акции, акции за млади … вака навидум едноставни проекти кои треба да произлезат од младите или младите да ги иницираат и водат! Да, горди сме што секој ден имаме се поголема препознатливост на младинската работа и дека припаѓаме на еден успешен сектор наречен МЛАДИНСКИ СЕКТОР! Сепак, сите овие едноставни проекти се базирани на искуство, знаење и капацитети, важни за успешноста на иницијативите, акциите и проектите!

Така и со процесот на развој на Младински банки! Навидум младински проект кој ќе ги вклучи младите во процесите на одлучување и позитивни општествени промени во нашата заедница. Комплексноста на нашето општество и преокупираноста со разноразни активности не дозволуваат искусни младински работници да ја пркнат идејата за отворање на младински банки низ нашата земја. Младински сојуз Крушево како една од членките на мрежата на младински банки – Македонија, веруваат дека концептот на младинските банки ќе биде успешен и во Крушево. Треба само сите заеднички да укажеме дека на младите им треба поддршка!

Целта на овој проект е да се воведе моделот на младински банки во земјава кој ќе помогне во стимулирање на младинско вработување и да ги активира младите на локално ниво сами да носат одлуки.