Capture

Координативна средба помеѓу Инова Лаб и Младински Совет Прилеп

Минатата недела во просториите на Младински Совет Прилеп, се одржа координативна средба помеѓу претставниците на Младински Совет Прилеп – Маја Стевановска и Фросина Петкоска и Инова Лаб Битола – Елизабета Тошева и Моника Ангелоска – Дичовска.

За време на средбата беа разменети искуства од имплементацијата на проектот, се дефинираа следни чекори за соработка, се разменија ставови во однос на активностите од проектот и прибирањето на информации за потенцијални начини на финансирање.

Младински Совет Прилеп и Инова Лаб и понатаму ќе продолжат со имплементација на активностите од проектот и ќе ја продолжат активната соработка во мрежата.