57908880 2263173980587399 6798622553108643840 N

Средба помеѓу претставници на Младиинфо Интернационал, Интеркултура и општина Бутел

Претставници на Мрежата на младински банки – Македонија, од организацијата за културна соработка Интеркултура и Асоцијацијата за едукација Младиинфо Интернационал оваа недела остварија средба со претставници на општина Бутел од Секторот за локален економски развој. Со општинските преставници разговаравме детално за тоа како моделот најдобро би функционирал во општина Бутел, како би бил составот и изборот на членовите на Одборот и кои општински приоритети би можеле да се адресираат.

Следната фаза во соработката е детално разгледување на целиот процес на воведување на моделот со конкретните чекори, задачи и одговорности, која се очекува да круниса до потпишување Меморандум за разбирање со цел да се воспостави младинската банка.