456

Основна студија за младинска вработеност во Република Северна Македонија

Постоечките податоци, мерки и активности за младинско вработување да се систематизираат, програмите што поттикнуваат вработеност да бидат ефективни, а наместо само обуки и работилници кои би требало да им помогнат на младите да се вработат, да се воведат иновативни модели кои ќе им овозможат на младите практично искуство од “прва рака”– се дел од заклучоците и препораките од Основната студија за младинска вработеност во Република Северна Македонија, која ја објавивме во рамки на проектот Мрежа на младински банки – Македонија, а со поддршка на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Моделот на младински банки кој оваа мрежа го воведува во земјава се очекува, меѓу другото, да го зајакне чувството на припадност на младите кон локалните заедници. Младите директно ќе се вклучат во подобрувањето на животот во нивните општини менаџирајќи го моделот и спроведувајќи конкретни иницијативи како обнова на игралишта, едукација за претприемништво, спортски и културни манифестации, просторно уредување и слични проекти од кои и самите ќе имаат корист.

Прочитајте ја целосната студија на овој линк.