WEB

Водич за младински банки во Северна Македонија

За подобро разбирање на целиот процес на функционирање и создавање на младинските банки, во рамки на проектот Мрежа на младински банки – Македонија, а со поддршка на проектот на УСАИД за граѓанско учество и фондацијата Мозаик го креиравме Водичот за младински банки во Република Северна Македонија- за ангажирани млади и одговорни заедници!

Златните правила на младинските банки, чекорите за основање на  младинските банки, принципите на методологија на самата Мрежа на младински банки – Македонија се дел од работите кои се објаснети во водичот со цел да им помогнат на општините да го разберат процесот, како и младите да ги препознаат можностите што ги овозможуваат младинските банки.  

Младинските банки нудат уникатен и несекојдневен пристап кон решавање на едно од најгорливите прашања во македонското општество – невработеноста на младите!

Многу повеќе од само обуки и тренинзи, овозможувајќи конкретно искуство и директно учество наспроти застарени методи и некреативни концепти за стекнување вештини за вработување, младинските банки ги трансформираат заедниците и животите на младите.

Младите одлучуваат каков тип на акции да бидат поддржани за поквалитетен живот во заедниците користејќи неповратни средства за проекти.

Прочитајте повеќе во Водичот на овој линк.