Latest News Za Slajder 2 Slika

Средба за соработка и подобрување на квалитетот на младинските политики

Како до поголема координација, соработка и поквалитетни младински политики во Македонија? На ова прашање на денешната средба иницирана од Младиинфо дискутираа претставници на дел од младинските организации и сојузи, претставници на Собранието и Владата на Република Македонија, Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за млади и спорт, како и претставници на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Тие ги образложија програмите и приоритетите за млади на кои работат, и заклучија дека е повеќе од неопходно младинските организации да соработуваат меѓу себе, да се координираат идеите и проектите кои се имплементираат за да се избегне нивно преклопување на ниво на организации и државни органи, како и младинските организации со своите активности да придонесат кон поквалитетни програми на државно ниво.