20150512 121047

Зошто моделот на младински банки ?

Моделот на младински банки подразбира формирање на локални фондови во кои ќе се насочуваат финансиски средства од општините, како и од граѓанскиот и деловниот сектор, со цел да се финансираат акции и иницијативи на заедницата од страна на младите луѓе. Користејќи го овој модел, младите не само што ќе дејствуваат како апликанти за проекти и ќе ги спроведуваат иницијативите на локалната заедница, туку и младите ќе одлучуваат кои мали проекти треба да добијат финансиска поддршка и да бидат имплементирани, проценувајќи ги потребите на локалната заедница.

Така, младите не само што ќе стекнат вештини за претприемништво и вработување (идентификација на проблеми, пристап ориентиран кон решение, градење на партнерства, пишување проекти, управување со проекти, комуникација со медиумите), туку ќе стекнат и бројни животни вештини (тимска работа, , чувство на иницијативност, иновативност, грижа за локалната заедница, солидарност).

Прочитајте ги Златните правила на Мрежата на Младински банки – Интернационал и прочитајте повеќе информации тука.